Натпреварите во Ла Лига ќе почнат со минута молчење во чест на жртвите од Covid-19

Пред почетокот на натпреварите од Ла Лига ќе има минута молчење во знак на сеќавање на жртвите од коронавирусот, соопштија од Фудбалската федерација на Шпанија. Минута молчење ќе има на сите натпревари до крајот на сезоната во првата, втората и третата шпанска фудбалска лига, како и во плеј-оф натпреварите за повисок ранг.

Натпреварувањата во Шпанија по пауза од три месеци продолжуваат во среда, со натпреварот од Ла Лига 2 меѓу Рајо Валјекано и Албасете. Ла Лига продолжува во четврток кога на програмата е градското дерби меѓу Севилја и Реал Бетис.

Шпанија е една од земјите во Европа со најмногу жртви од коронавирус, каде досега животот го загубија над 27.000 лица.

Се вчитува...