Натпреварот од ПМФЛ меѓу Скопје и Вардар ќе има хуманитарен карактер

Скопје и Вардар ќе одиграат првенствен натпревар со хуманитарен карактер во рамките на Првата македонска фудбалска лига, соопштија организаторите.

Натпреварот е закажан за недела со почеток во 15 часот на стадионот „Автокоманда“ во Скопје. Целиот приход од продажбата на влезниците, чија цена изнесува 100 денари, ќе биде дониран за лекување на Владо Рафајловски-Ермон. Станува збор за член на навивачката група „Пирати“, кој боледува од рак на желудникот.

Раководствата на двата клуба упатија јавен повик до спортската јавност и граѓаните за масовно присуство на трибините, со цел да се соберат потребните средства за медицинскиот третман.

Се вчитува...