Натпреварот против Лихтенштајн ќе биде најтежок во овој квалификациски циклус

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот за октомвриските квалификациски натпревари против Лихтенштајн (8. октомври) и Германија на 11. октомври.

Милевски смета дека гостувањето во Лихтентштајн ќе биде најтешкиот натпревар за Македонија во овие квалификации, бидејќи оваа репрезентација со последните настапи докажа дека има квалитет да игра против секого.

„Очекувам да бидат фудбалерите во далеку поголема форма од натпреварите во септември. Сите се во тренажен и натпреварувачки ритам. Секогаш е добредојдено да имаат и поголема минутажа, но во моментов сум задоволен од сите нив. Ќе видиме како ќе се одрази се тоа на теренот. Во септември тоа беше период во кој некои од играчите немаа адекватни клубови, некои не ни почнаа првенствата сега очекувам да бидат многу подобри. Со Лихтенштајн не очекува најтешкиот натпревар во овие квалификации. Со нивната форма и последните натпревари покажаа дека имаат голем напредок и дека се работи за екипа која многу има напредувано и на тактикчки и на физички план. Иако загубија од Германија покажаа одлична игра, а со Ерменија успеаја да одиграат нерешено“, изјави Милевски. 

Во врска со Екдал Ракип тој очекува играчот на Малме да ја зголеми конкуретноста во средината на теренот…

„Ракип со своите настапи во Шведска и во Лигата на шампионите мислам дека нашиот тим ќе добие на конкурентност во средниот ред. Во септемврискиот циклус и сега се соочуваме со проблеми во средината и мислам дека тој со својот квалитет ќе ја зголеми конкуренцијата и на него е дали ќе се наметне како еден од носителите или не. Млад фудбалер е и се надеваме дека ќе го имаме како помош во иднина“, 

Се вчитува...