Националите го „пробаа“ теренот во Струмица пред тестот со Ерменија (ВИДЕО)

Македонскиот национален тим го одржа последниот и единствен тренинг на теренот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица. Селекторот Благоја Милевски ги имаше на располагање сите играчи, и сите ќе му бидат достапни за утрешниот пријателски меч против Ерменија.

Македонските фудбалери го „пробаа“ теренот на кој утре ќе се игра натпреварот. После неколку години, селекцијата се враќа на овој стадион, поради тоа што тревникот на Националната Арена „Тодор Проески“ треба да добие нов лик.

А, од националниот тим најавуваат дека без разлика што станува збор за пријателски натпревар, мечот е важен и ќе се оди да се победи.

Се вчитува...