Националите полетаа во Палермо по историски Мундијал (ВИДЕО)

Македонскиот национален тим во 17 часот со чартер лет полета за Палермо, каде задутре ќе го одигра историскиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство.

Силната Италија е предизвик за избраниците на Благоја Милевски, европски првак кој мотивира. Најавите се дека ќе се даде максимум за да се осигура финале, а потоа и пласман на Мундијалот во Катар.

Претходно на последниот тренинг навивачите на Македонија ги испратија репрезентативците со пораката „Сакаме победа“.

Се вчитува...