Националите се собраа во Скопје, почнуваат подготовките за Хрватска и за Чешка (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација денеска го имаше првиот собир, после кој почнуваат подготовките за престојните два натпревари против Хрватска и против Чешка, кои ќе бидат последна подготовка за нашиот национален тим пред настапите во Лигата на Нации кои стартуваат во септември.

И натаму е неизвесно со каков состав ќе отпатува Македонија на двете гостувања во Ријека и во Храдец Кралове. Енис Барди се пожали на повреда при последниот настап за неговиот Трабзонспор против Анкарагучу.

Во следните денови ќе се знае здравствениот билтен, а после кратки подготовки во Скопје, екипата ќе се пресели во Ријека на првиот меч против Хрватска, а потоа и во Чешка на дуел со истоимената селекција.

Се вчитува...