Национална ракометна хероина – Минатата година помина вистински пекол, а сега ја води Хрватска кон медал

Женската хрватска ракометна репрезентација е вистински хит на европскиот шампионат. „Коцкестите“ се пласираа во полуфиналето на Еврошампионатот откако ја елиминираа фаворизираната Германија, а претходно славеа и над светскиот шампион Холандија. Во полуфиналето Хрватска за противник ќе ја има Франција. Најдобрата хрватска ракометарка, Ќамила Мичијевиќ е најдобар стрелец и асистент на „коцкестите“.

Сепак, пред две години Ќамила имаше тешка повреда на коленото. По долгата рехабилитација се врати на терените, но веќе во првиот настап заработи нова повреда. По пласманот во полуфиналето објави фотографија од болнички кревет од 2018 и 2019 година со фотографија од прославата на пласманот меѓу најдобрите четири.

Се вчитува...