Наум Тасески е нов ракометар на Бутел

Наум Тасески од денеска е нов ракометар на РК Бутел. Станува збор за 18 годишен ракометар кој настапува на средната бековска позиција, а со новиот клуб потпиша договор за соработка на две години.

Младиот ракометар претходно беше дел од младинскиот тим на Вардар. Раководството на Бутел со овој потег уште еднаш покажа дека освен на сениорската екипа, мисли и на иднината, односно на младинските категории на клубот кои имаа одлични резултати минатата сезона.

Претходно тимот од Скопје ги потпиша левиот бек Илија Табаков, кој дојде од прволигашот Борец Велес и има 18 години, како и Андреј Петрушевски, кој исто така има 18 години, а дојде од екипата на Вардар и настапува на позицијата десен бек.

Се вчитува...