Наумоски: Во Скопје одиме да се надигруваме и по бодови!

Во таборот на Победа владее позитивна атмосфера и оптимизам по стартната победа над Беласица а во пресрет на утрешниот меч од 2-то коло со Шкупи. Јорданчо Наумоски, кој е еден од носителите на играта на прилепчани е оптимист дека Победа нема да потклекне ниту на утрешното гостување на стадионот во Чаир.

„Утре не очекува тежок натпревар. Сите знаеме дека Шкупи има добар и квалитетен состав и игра пред пред полна трибина свои симпатизери. Но и покрај тоа ние во никој случај во Скопје не патуваме со бело знаме, туку напротив одиме да се надигруваме и одиме по бодови. Атмосферата во клубот е одлична, посебно по победата над Беласица во првото коло. Имаме голем број нови играчи кои се прифатени одлично од староседелците и сите клупски структури. Како одминува времето и натпреварите се повеќе се запознаваме и воигруваме и се надевам тоа ќе се рефлектира и на терен и нема да ја разочараме прилепската публика и нашите навивачи“ – изјави Наумоски.

Натпреварот Шкупи-Победа од 2-то коло на ПМФЛ се игра утреод 17 часот на стадионот Чаир во Скопје.

Се вчитува...