Наумовски од Биркиркара се сели во Балзан

Македонскиот фудбалски интернационалец Кико Наумовски потпиша за клубот од првата лига на Малта Балзан. Наумовски минатата сезона ја помина во дресот на Биркира, тим кој исто така настапува во Премиер лигата, а беше избран и за голман на сезоната во првенството.

Македонскиот интернационалец во кариерата покрај на Малта, настапуваше и за екипите на Работнички, Динамо Букурешт, Левски Софија и Пегасус, а за репрезентацијата на Македонија запиша шест настапи.

 

Се вчитува...