Навас: Да си одиш од Реал е исто како да сакаш да умреш

Костариканскиот голман Кејлор Навас доби огромна конкуренција во Тибо Куртоа за голот на Реал Мадрид, но нема намера ниту да се откаже од борбата за да биде стартер, ниту да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

„Искрено, да сакаш да си одиш од Реал Мадрид е исто како да сакаш да умреш. Јас ја имам истата желба да работам и да напредувам на секој тренинг и одлично е што добив уште поголема конкуренција“, изјави Кејлор Навас.

Тибо Куртоа синоќа и официјално потпиша шестгодишен договор со актуелниот европски првак, а како дел од трансферот Матео Ковачиќ замина на едногодишна позајмица во Челси.

 

Се вчитува...