Навас го одбрани ПСЖ, Ливерпул рутински до четвртфинале (ВИДЕО)

Кејлор Навас е херојот на Пари Сен Жермен, откако со неверојатна партија успеа да го спаси својот тим од пораз во реваншот од осминафиналето против Барселона. Натпреварот заврши 1-1 и со вкупно 5-2, Французите се пласираа меѓу осумте најдобри, но се можеше да биде многу поразлично.

Каталонците одлично го отворија натпреварот. Доминираа и имаа неколку одлични шанси, по што следуваше голема грешка на Ленгле кој направи пенал над Икарди, а Мбапе успешно го реализираше за 1-0. Само неколку минути подоцна Лео Меси со неверојатно голчиште израмни на 1-1. Клучниот момент на натпреварот се случи на крајот на првите 45 минути кога Кејлор Навас успеа да го спречи ударот од пенал на Лионел Меси.

Во второто полувреме Барса продолжи со нападите, но и Кејлор Навас продолжи со успешните интервенции, а „светците“ успеаја да ја задржат предноста од првиот натпревар.

Во вториот вечерашен меч, Ливерпул стигна до рутинска победа над Лајпциг од 2-0. Творци на победата за „црвените“ од Енфилд беа Салах и Мане.

 

 

 

Се вчитува...