Навас сака да го напушти Реал Мадрид без обесштетување

Кејлор Навас минува низ најлошите денови од своето доаѓање во Реал Мадрид и сака да го напушти клубот уште во јануари. Голманот од Костарика неодамна изјави дека од три Лиги шампиони во низа, дојде до резерва, според него, без никаква причина.

Навас е лут  бидејќи не добил шанса да покаже дека е подобар од Тибо Куртоа, туку седи на клупата. Тој уште летово по доаѓањето на Куртоа , сакаше да го напушти „кралскиот клуб“, но доби ветување од Лопетеги дека ќе има шанса да брани на некои мечеви и дека нема да го тргнат од голот иако Куроа е скапо платен играч.

Но, од ветеното малку беше реализирано, па Навас веќе разговарал со челниците на клубот да го пуштат на позајмица или да му дозволат да замине без обесштетување, подготвен да се откаже од договорот и од парите само за да брани некаде.

Барањето од Навас не е прифатено во Реал каде не сакаат да се откажат од неговите услуги, уште помалку да го пуштат без обесштетување бидејќи за него своевремено на Левнате му платија десетина милиони евра. Договорот на Навас со Реал Мадри му истекува во 2020 година.

Се вчитува...