Навико Академија ФМП со пораз од Макаби ја продолжи црната серија во БИБЛ лигата

Кошаркарите на Навико Академија ФМП вечерва запишаа уште еден нов пораз на домашен терен од тимот на Макаби Некст Урбан Хаифа во рамки на Балканската БИБЛ-лига (89-112).

Макаби немаше проблеми против Навико Академија ФМП и обезбеди уште една убедлива победа. За македонскиот состав овој пораз значи продолжување на црната серија.

Били Иви со 33 поени ги предводеше домаќините, а Глен Рајс со 30 поени беше најефикасен кај гостите.

Се вчитува...