Навивач на Хофенхајм осуден на три години затвор за фрлена петарда

Судијата во окружниот Суд во Аугсбург изрече затворска казна за 28-годишен навивач на Хофенхајм, кој ќе мора да ги мине ледните три години зад решетки затоа што предизвика сериозен инцидент на дуелот меѓу Аугсбург и Хофенхајм во ноември 2023, фрлајќи петарда со која повреди десетина лица, меѓу нив и деца.

Обвинителството бараше затворска казна од четири години и девет месеци за „неверојатно безобразно дело и нанесување на тешки физички повреди, од причина што „обвинетиот сакал да биде во центарот на вниманието“. Големиот инцидент беше забележан и од камерите и официјалните лица, а судијата на натпреварот неколку минути го прекина мечот додека им беше укажувана помош на повредените.

„Ова не е вообичаен случај на употреба на пиротехнички средства на германските стадиони. Ова беше огромен инцидент кој вклучува експлозивна направа поради која 26.000 луѓе на стадионот стравуваа од терористички напад“, објасни судијата Кристоф Керн пред да ја обелодени својата конечна пресуда – затворска казна од три години.

Обвинетиот навивач на Хофенхајм неколку пати се извини за својата постапка, на крајот повторувајќи: Тоа беше многу глупаво од моја страна.

Покрај затворската казна, тој ќе мора да плати и финансиска отштета на повредените.

Се вчитува...