Навивач на Манчестер Јунајтед прободен со нож од француски таксист

Навивач на Манчестер Јунајтед итно е опериран, откако по натпреварот против Пари Сен Жермен во главниот град на Франција бил прободен од таксист. Британските медиуми пишуваат дека таксистот го иритирало тоа што 44. годишниот Англичанец и уште тројца навивачи на Јунајтед пееле песни, по победата над домашниот клуб.

Четворицата навивачи на „Црвените ѓаволи“ се враќале во центарот на градот по натпреварот, а во еден момент таксистот ја сопрел колата за да ги исфрли од неа. Се свртел кон девојката која била во таксито и и заканувалсо нож. Прободениот маж се обидел да и помогне на својата пријателка по што бил повреден во градите.

Групата набрзо по немилиот настан сопрела друг автомобил со кој била пренесена во болница. Француската полиција во меѓувреме го уапсила осомничениот.

Манчестер Јуанајтед со победата од 3-1 во Париз успеа да ја надокнади негативата од два гола по првиот натпревар и да се пласира меѓу осумтте најдобри на стариот континент.

Се вчитува...