Навивач на Лион доби доживотна забрана за нацистички поздрав на „Етихад“

Францускиот клуб Лион ќе го казни со доживотна забрана за следење на натпреварите на тимот навивачот кој со нацистички поздрав ја поздрави победата (1-2) над Манчестер сити на „Етихад“ во Лигата на шампионите.

„Лион го забележа видеото кое кружи на социјалните мрежи. Навивачот ќе биде идентификуван и ќе му биде доживотно забранет влез на натпреварите на клубот“, соопштија од Лион.

Францускиот тим забележа значајна победа против Манчестер сити на отворањето на новата сезона од Лигата на шампионите, со головите на Корне и на Фекир.

 

Се вчитува...