Навивач на Ливерпул воодушевен и очаен во исто време: „Ве молам одете си дома…!“ (ВИДЕО)

Од безбедносни причини, вообичаено гостинските навивачи на стадионите ширум Европа се чуваат подолго на трибини во очекување најпрво домашните навивачи да бидат пуштени од стадионот. Но, навивачите на Ливерпул синоќа добро си се изначекаа на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.

Поголема група од најверните навивачи на Црвена Звезда, „Делиите“ остана на Северната трибина каде половина час по мечот се уште ја славеше големата победа на својот тим.

„Делиите“ се задржаа подолго, а автоматски тоа значеше и подолго задржување за навивачите на Ливерпул кои чекаа да се испразни „Маракана“ за да може и тие да заминат. За еден навивач на Ливерпул воодушевувачки беше постапката на „Делиите“ кои славеа за својот тим и долго по крајот на мечот, но во исто време и очајно посакуваше што побрзо да го напушти стадионот….

„Само одете си дома, да можеме и ние да си одиме“ – напиша на својот Инстаграм профил.

На крајот следеше и информацијата дека навивачите на Ливерпул чекале еден час и половина за да го напуштат стадионот, што е досега незабележано.

Се вчитува...