Навивач на Наполи починал во обид да го проследи дуелот против Милан

На напуштен паркинг покрај стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол по натпреварот помеѓу Наполи и Милан е пронајдено мртво тело, пренесуваат италијанските медиуми.

Станува збор за 42-годишен маж кој пробал да влезе на стадионот без билент, но при обидот паднал од висина од 20 метра и починал од последиците од падот.

Пријател на починатиот и потврдил на полицијата дека двајцата се обиделе да влезат на стадионот покрај тунелот.

Се вчитува...