Навивач на Партизан загина на договорена „ферка“ меѓу „Делије“ и „Гробари“

Едно лице го загуби животот во договорена тепачка меѓу навивачките групи на Партизан и на Црвена звезда што се случила во Бјелина.

Како што јавуваат српските медиуми, тепачката се случила на паркингот од хотелот „Свети Стефан“ после полноќ и во неа учествувале по десетина навивачи од таборот на „Делије“ и на „Гробари“. Причина за „ферката“ е бришење на графитите на еден од клубовите, по што дошло до тепачка во која се користени и метални шипки и дрвени палки.

На лице место починал 30-годишниот навивач на Партизан, Александар Саша Пантиќ, а уште еден фан на „црно-белите“ се бори за живот.

Се вчитува...