Навивач на ПСВ влета на терен да го тепа Дмитровиќ, но не претпостави што го чека… (ВИДЕО)

Севилја се пласираше во четвртфиналето од Лигата на Европа и покрај поразот од 2-0 вечерва на гостувањето против ПСВ во Ајндховен.

Но, интересни сцени имаше по крајот на натпреварот веднаш откако главниот судија досуди крај на мечот. Еден од навивачите на ПСВ изненадувачки успеа да ги мине редарските служби и да втрча на терен упатувајќи се кон голманот на шпанскиот клуб, Србинот Марко Дмитровиќ како би се пресметал со него. Но, очигледно не можеше да претпостави каква грешка прави.

Српскиот голман, физички далеку подоминантен, веднаш го совлада навивачот на ПСВ и го собори на земја, а потоа ги чекаше членовите на обезбедувањето да го изведат од терен каде беше приведен од полицијата.

Според холандските закони, сега навивачот не само што доби лекција од Дмитровиќ но го чека и забрана до крајот на животот за влез на натпревари на ПСВ и на европската сцена.

Се вчитува...