Навивач на Сити во кома откако бил нападнат од фанови на Бриж

Инцидент во Бриж вчера по победата на Манчестер Сити од 1:5. Гвидо Де Мербеке, 63-годишен белгиски навивач на Сити, бил нападнат од група навивачи кои го удриле во главата, и го оставиле да лежи во бесзонанение и избегале. Тоа е таткото на Јирген, потпретседател на официјалниот фан клуб на Сити во Белгија.

„По натпреварот застанавме да одмориме на автопат. Во меѓувреме татко ми чекаше надвор двјаца пријатели кои требаше да дојдат. Еден навивач на Бриж дојде и му ја зема марамата од вратот. Кога татко ми го замоли да му ја врати, тој беше удрен во главата и напаѓачите избегаа“, рече Јирген.

Во моментот Гвидо е во болница и се наоѓа во кома каде што се бори за живот.

Се вчитува...