Во неделата Олимпик Марсеј ремизираше 2-2 на домашен терен против Стразбур, а стоперот на клубот Леонардо Балерди доби директен црвен картон по само 29 минути. Иако ја ужива довербата на тренерот Игор Тудор, навивачите му свртеа грб на Балерди.
Формата на Аргентинецот драстично опадна во последно време и се чини дека ова беше последната капка која ја прели чашата за еден верен навивач на клубот. Ден по средбата со Стразбур, тој одлучи да започне штрајк со глад пред тренинг центарот на Марсеј, кој најверојатно ќе трае додека Балерди не го напушти клубот.
„Тој повеќе не може да игра во Марсеј, тоа е се. Не е ништо лошо. Ја пренесувам мојата порака до жителите на Марсеј, без пцовки, без навреди. Сакам вистински играчи кои знаат да играат со топката во Марсеј“, им порача на француските новинари еден навивач пред тренинг центарот на Марсеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА