Навивач влета на терен и покрај празните трибини…!? Ни солзите не му помогнаа за да го ослободат (ФОТО)

Интересен момент се случи на синоќешниот натпревар меѓу Мајорка и Барселона во Ла Лига.

И покрај тоа што мечот се играше без публика, на почетокот од второто полувреме на терен неочекувано се појави навивач во дрес на Аргентина. Застана покрај Меси фотографирајќи се, а потоа се обиде да избега од теренот. Но, не успеа, па со полициска придружба беше притворен.

Не му помогнаа ниту солзите да биде ослободен… Вистинско прашање е како му успеа да влета на стадион со оглед на забраната за присуство на навивачи на трибините.

Се вчитува...