Навивачи дивееја на улиците на Берлин повредени над 150 полицајци (ВИДЕО)

Најмалку 155 полицајци се повредени во нереди на навивачите на натпреварот меѓу Динамо Берлин и Енерџи Котбус во германската четврта лига, соопшти берлинската полиција.

Полицијата соопшти дека при вдишување на солзавец испукан од полицијата за да се спречат немирите се повредени 43 градски и 73 федерални полицајци, телесно се повредени 28 федерални полицајци, а 11 од нив се здобиле со рани од пиротехнички средства.

„Билд“ наведува дека се уапсени 74 навивачи, а против 62 е поднесена кривична пријава, меѓу другото, за „нарушување на мирот, физички напади врз органите на прогонот и давање отпор при апсење“. Натпреварот беше прекинат во 20. минута поради тепачка на трибините, а навивачите на Динамо мавтаа со шалови и знамиња со симболите на ривалскиот тим.

Во соопштението се додава дека навивачите пукале со пиротехнички средства кон полициските сили и редарите кои стоеле во близина на теренот, по што припадници на безбедносните сили влегле на трибините и се обиделе да ги приведат навивачите.

Енерџи Котбус победи со 2-0, а судирите меѓу навивачите продолжија и по натпреварот.

Се вчитува...