Навивачи на Ѓоковиќ сред Мелбурн со руски знамиња со ликот на Путин скандираа „Русија, Русија“ (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ продолжува со убедливи партии на првиот гранд-слем турнир во сезоната Австралија опен. Србинот се пласираше во полуфиналето на турнирот во Мелбурн откако во последното четвртфинале со максимални 3-0, по сетови 6-1, 6-2 и 6-4 славеше над Русинот, Андреј Рубљов.

Голем дел од навивачите по мечот направија одлична атмосфера во „Мелбурн паркот“ меѓу кои се најдоа и неколку Македонци, но одличната атмосфера ја расипаа неколку Срби кои во моментите на славје ја замешаа политиката.

Неколку момчиња со руски знамиња со ликот на Владимир Путин скандираа „Русија, Русија“, како поддршка на инвазијата на оваа земја кон Украина.

 

Се вчитува...