Навивачи на Манчестер Јунајтед нападнати во Бергамо

Дваесетина навивачи на Манчестер Јунајтед, биле нападнати за време на престојот во Бергамо, пред натпреварот со Аталанта во Лигата на шампионите. Фановите биле нападнати во неделата кон понеделникот во еден паб во центарот на градот.

Инцидентот се случил кога група на луѓе упаднале во пабот за да се пресметаат со фановите на Јунајтед.

Еден навивач бил повреден, добил модринка на рамото, а вработен во пабот бил повреден со скршено шише.

Лекарска екипа пристигнала на местото на настанот и пружила помош на повредените.

Се вчитува...