Навивачи на Сосиедад: Дојдовме во Скопје по победа!

Реал Сосиедад вечерва од 19 часот на арената „Филип Втори“ ќе има поддршка од околу 300 свои најверни навивачи на дуелот против Вардар од 3. коло во Лигата на Европа.

Дел од нив веќе пристигнаа во главниот град на Македонија, а се очекува до вечер и комплетирање на шпанската група пред пресметката со македонскиот шампион.

„Убави два дена во Скопје. Добра прошетка на овој дел од Европа, но за нас е најважно со победа да заминеме од тука“ – велат фановите на Реал Сосиедад.

Се вчитува...