Навивачи од сите страни се собраа: Македонија игра за историја

arbervil baner

Нашите ракометари ќе имаат силна поддршка од трибините од македонските фанови кои од различни земји ширум Европа допатуваа денеска во Албервил за да им дадат поддршка на Лазаров, Стоилов, Георгиевски и останатите репрезентативци во обидот да испишат историја – за првпат да се пласираат во едно мундијалско четвртфинале. Бројни навивачи од различни градови од Франција, заедно со оние од Швајцарија, Австрија, Италија, но и од различни македонски градови, ќе им дадат ветер во грб на ракометарите, да истраат во предизвикот, па и без помошта на повредениот Манасков да стигнат до победата со шти би испишале нова страница во македонската спортска историја.

Во олимписката арена во Албервил попладнево дефинитивно ќе има многу повеќе Македонци отколку Норвежани, атмосферата пред почетокот е фантастична, таква нека биде и на крајот, со славје за триумфот на „црвено-жолтите“ во пресметката со секогаш незгодниот противник.

albervil7 albervil6 albervil5 albervil4 albervil3 albervil2

Се вчитува...