Навивачите бесни на Погба – Ова е саботажа! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед уште во второто коло на Премиер лигата го доживеа првиот пораз на гостувањето кај Брајтон (2-3). Навивачите на „црвените ѓаволи“ му се лутат на Жозе Мурињо, но, посебно се бесни на Пол Погба. Од Французинот се очекуваше да биде лидер во овој состав на Манчестер јунајтед, но неговите настапи досега во дресот на славниот клуб не покажуваат дека е подготвен за таква улога.

Пол Погба после натпреварот призна дека неговиот пристап не бил најдобар и дека домашните играчи повеќе ја посакувале победата. Неговиот настап против Брајтон налути многу навивачи кои го критикуваат на социјалнитен мрежи. Хит на интернет стана видеото со најлошите моменти од настапот на Погба, од авторот проследено со коментар „очите ми крвават гледајќи ја ваквата игра...“

„Го гледав ова десет пати и ова е сигурно партија со најмалку почит од некој играч на Јунатед во мојот живот. Ова не беше само лош ден, ова беше саботажа“ – напиша еден од навивачите на Манчестер јунајтед.

 

Се вчитува...