Навивачите ја обоија ГН на Австрија во портокалово – Макс воодушевен (ФОТО)

Макс Ферстапен повторно успеа да слави на Големата нагарада на Австрија со што стигна до предност од 32 бода во однос на второпласираниот Луис Хамилтон. Холанѓанецот на трката имаше поддршка од трибините, а бројните навивачи на интересен начин ја одбележаа победа на својот сонародник.

По трката возачот на Ред Бул не го криеше задоволството од самата трка, но беше и воодушевен од прекрасната атмосфера.

„Се осеќам неверојатно. Болидов беше одличен, уживав додека го возев. Беше навистина лудо. И јас сум воодушевен од се што се случи денеска. Не очекував дека ќе биде вака. Лудо е да ги видите сите овие навивачи и портокаловата боја. Сјајна мотивација“, изјави Ферстапен.

Се вчитува...