Навивачите ќе собираат 550.000 евра за Карачиќ и соиграчите да останат во Киелце

Киелце се соочува со сериозна опасност од губење на големите ракометни „ѕвезди“ откако главниот спонзор објави дека во новата сезона нема да вложува пари во актуелниот првак на Полска. Вардар внимателно ја следи ситуацијата со оглед на интересот за Игор Карачиќ, лесно може да се случи да си заминат и Волф и Душебајев, па токму затоа претседателот Сервас јавно ги повика сите фанови и компании од регионот да се вклучат во иницијативата за собирање на пари за спас на клубот.

Станува збор за вкупно 2,5 милиони полски злоти, што изнесува околу 550.000 евра, што се неопходни за Киелце да функционира како досега и да не биде принуден да се раздели од најдобрите ракометари во тимот.

„Сите во екипата веќе се согласија на намалување на договорите, нема што повеќе да се очекува од нив. Имаме дупка во буџетот од 2,5 милиони злоти, поради што јавно ги повикам сите оние кои се во можност да помогнат. Другата опција, ако не ги собереме парите, е да им дозволиме на најдобрите ракометари да си заминат, но тоа ќе значи и сериозно намалување на амбициите“, истакна Сервас.

Воедно, полскиот ракометен гигант ги пушти во продажба и сезонските билети за новата сезона, а Сервас побара од фановите да помогнат со купување на овие билети иако се уште е неизвесно дали воопшто натпреварите од 2020/21 ќе се играат со навивачи на трибините или пак во празни сали.

Се вчитува...