Навивачите на Аталанта го имаат транспарентот на годината (ФОТО)

Додека Западот воведува неверојани санкции за руските спортисти, навивачите на Аталанта го истакнаа транспарентот на годината на вчерашниот натпревар од осминафиналето во Лига Европа. За клубот од Бергамо настапуваат Украинецот Руслан Малиновски и Русинот Алексеј Миранчук, а за нив пријателството е поголемо од војната.

Овие двајца заедно повикаа на прекин на војната во Украина, а по натпреварот емотивен говор имаше и тренерот Џампјеро Гасперини.

„Мене војната во Украина ме загрижува повеќе од короната, а знаете какви ужасни последици остави во Бергамо. И покрај се што се случува Малиновски е добар пријател со Миранчук. И нему му е срам за се што се случува во земјата за која Малиновски стравува за своите роднини и пријатели. Затоа Миранчук заслужува почит бидејќи луѓето значат повеќе од знамињата кои ги претставуваат“, изјави Гасперини.

Се вчитува...