Барселона претрпе убедлив пораз од 3-0 на гостувањето против Челси, тренерот Флик најави подобри денови, но навивачите се бесни – и тоа конкретно на еден играч.
Според приврзаниците на каталонскиот гигант, Роналд Араухо е апсолутниот виновник за ова фијаско, па гласно бараат Уругваецот да биде преселен на клупата, а потоа летово и продаден од страна на управата. Причината е јасна – црвениот картон што дефанзивецот го доби во првото полувреме на „Стенфорд бриџ“, оставајќи го својот тим на цедило, со што стана само четврти фудбалер во историјата на Барса што добил директен црвен картон на два меча во ЛШ, и тоа во првите 45 минути игра.
„Араухо никогаш повеќе не смее да заигра за Барселона. Што е многу, многу е, секогаш плаќаме за неговите грешки, веќе нема никаква смисла. Не сум толку лут за поразот колку што сум за Араухо. Веднаш да го продадете“, гласеше еден од бројните коментари против овој фудбалер.
„Араухо никогаш не бил толку добар дефанзивец колку што го правеа. Се надевам дека ова ќе му биде последниот меч во ЛШ за Барселона. Нема шанси да застанам и да го бранам, најдобро за сите е да се спакува и веќе зимава да си замине. Доста е“, се надоврза друг навивач на Барса…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

