Натпреварот од групата Б на Светското првенство помеѓу Босна и Херцеговина и Канада во Торонто имаше бурна увертира. Според медиумите од БиХ, навивачите на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина се судриле со обезбедувањето пред натпреварот.
Според информации од Торонто, обезбедувањето се обидело да ги симне транспарентите на БХ Фанатикос, што предизвикало конфликт. Репортерите на порталот Klix.ba известуваат дека имало и физичка пресметка, која брзо завршила откако обезбедувањето ги напуштило дел од трибините со навивачите на БиХ.
Видеото можете да го погледнете на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
