Навивачите на Џенова жалат за Пандев: Горан заслужи поинакво збогување…

Горан Пандев по шест и пол години си замина од Џенова, сосема неочекувано со оглед на очекувањата дека македонскиот ас токму како член на овој калчолигаш ќе ја заврши својата фантастична кариера.

Во овој период, Пандев одигра 187 средби и постигна 32 гола за Џенова, дел од нив клучни во битките за опстанок во претходните сезони, со што ги освои срцата на навивачите на овој клуб.

„Ова е голем удар за нас… Горан Пандев заслужи поинакво збогување од Џенова“, гласат бројните пораки на тифозите на Џенова по трансферот на Македонецот во Парма.

Со порака се јави и капитенот на Џенова, искусниот дефанзивец, Доменико Кришито.

„Само сакав да ти се заблагодарам за се што ме научи, на теренот и надвор од него. За мене ти си легенда. Многу среќа, пријателе, ќе ни недостигаш“, напиша Кришито на својот инстаграм профил крај објавената фотографија оа Македонецот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Domenico criscito (@criscito)

Се вчитува...