Навивачите на Еспањол подготвуваат „пекол“ за голманот на Барселона

Новата година во Ла Лига ќе почне со градското дерби на Барселона. Еспањол ќе ја дочека Барселона на 3. јануари во 21 часот, а се очекува овогодинешното дерби да биде многу драматично и напнато по еден друг аспект.

Познато е дека Еспањол и Барселона се лути ривали, а сега навивачите на помалиот клуб од градот имаат право да бидат уштеп овеќе нервозни, поради трансферот на еден од нивните најдобри играчи токму во Барселона.

Станува збор за голманот Жоан Гарсија, кој минатото лето го напушти Еспањол и се пресели на другата страна од градот, што дополнително ги разбесне фановите на „сино-белите“.

Токму од тука шпанските медиуми пишуваат дека Еспањол веќе презема мерки, и става мрежи позади головите со цел да го заштити голманот од поголеми проблеми, и барем од фрлање предмети кон него. Во секој случај навивачите му подготвуваат „одмазда“ на голманот, кој во моментов е незаменлив меѓу диреците на актуелниот првак на Шпанија.

Се вчитува...