Навивачите на Галата приредиле пекол за играчите на Барселона во 4 наутро (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона вчера допатуваа во Истанбул, каде денеска го играат реваншот од 1/8 финалето во Лигата на Европа против Галатасарај. Галата во првиот меч успеа да изненади и да одигра без голови на „Ноу Камп“, и сега на реваншот на свој терен ќе бркаат пласман во следната фаза и ќе го елиминираат големиот фаворит.

Веќе со денови се пишува како Барса го чека „пекол“ во Истанбул, а „пеколот“ почна уште утрово. Барселона е сместан во луксузниот хотел „Риц Карлтон“ кој се наоѓа веднаш до стадионот на Бешикташ.

Во утринскиот часови навивачите на Галата пуштија огномет, и така ги будеа играчите на Барселона кои во тој момент спиеле во хотелот. На тој начин фановите покажаа дека вечерва ќе биде пеколна атмосфера, а ова е само вовед за она што ги чека „каталонците“ вечерва.

Се вчитува...