Навивачите на Галатасарај му фатија сеир на Џеко: Тој плачко ли ќе збори… (ВИДЕО)

Неделното турско дерби помеѓу Фенерабахче и Галатасарај го отслика вистинска војна на теренот проследена со 45 прекршоци и седум жолти картони. Средбата имаше и „трето полувреме“ на социјалните мрежи каде капитенот на Фенер, Един Џеко влезе во конфликт и со Фабрицио Романо поради објава за модрицата на лицето на Мауро Икарди.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина тврди дека истата Аргентинецот ја заработил при судар со стативата на голот на Ливаковиќ па напиша дека е срамно тоа што противничкиот клуб го објавува, но фановите на Галатасарај не му останаа должи.

На социјалните мрежи почна да кружи видео од натпреварот помеѓу Порто и Рома каде Џеко падна на теренот како покосен по вербална расправија со Пепе. Глумата е јасна па навивачите на Галатасарај му порачаа дека нема право да ги оптужува другите за превара.

Се вчитува...