„Навивачите на Јута се најголеми расисти во НБА лигата“

Двократниот НБА шампион со Хјустон Рокетс Вернон Максвел верува дека Јута Џез има навивачи кои се најголеми расисти во НБА лигата.

„Имам толку лоши спомени со Јута. Знам дека тоа беше одамна, но не заборавам ништо, помнам како слон. Ме нарекуваа „луд црнец“ и довикуваа непристојни зборови за мене, мојата мајка и децата. Се обидував да им го кажам тоа на редарите, но тие само ќе ми речеа „Овој човек платил карта, така да може да вика што сака“. Но, и јас сум човек. Сите мислат дека сме цврсти, но не е така. И јас имам чувства. Сакаат да ме убијат. Не смеам да отидам во Јута бидејќи таму ме мразат. Јас не можам да мразам некој кого не го познавам“, изјави Максвел. 

Максвел покрај периодот поминат во Хјустон Рокетс со кој два пати ја освои титулата во НБА, тој во најсилното кошаркарско првенство настапуваше и за Сан Антонио, Филаделфија, Орландо, Шарлот, Сакраменто, Сиетл и Далас.

Се вчитува...