Навивачите на Јувентус пресреќни – Дибала останува во Торино (ВИДЕО)

Аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала ќе остане во Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми. Иако, од Маурицио Сари му беше соопштено дека нема да смета на него во новата сезона, сепак трансферот во Манчестер Јунајтед пропадна бидејќи не можеше да ги договори личните услови.

Тој на крајот ќе остане во италијанскиот шампион, а денеска се појави на тренингот каде беше пречекан од навивачите на „старата дама“ кои се воодушевени од тоа што нивниот миленик и следната сезона ќе остане во клубот.

 

Се вчитува...