Навивачите на Јувентус со петиција: Тргнете ја ѕвездата на предавникот!

Навивачите на Јувентус покренаа петиција за отстранување на ѕвездата со името Антонио Конте од патеката на славните на Јувентус на „Алианц арената“, која веќе има 15.000 потписи.

Во очекувањето на големата дерби пресметка в недела меѓу Јувентус и Интер, петицијата дополнително се засили па навивачите се категорични да се тргне ѕвездата на актуелниот тренер на „нераѕурите“.

Конте како и тренер и играч мина низ еден од најуспешните периоди на Јувентус во историјата, но одлуката по напуштањето на Челси да седне на клупата на најголемиот клупски ривал многу навивачи на „Старата дама“ ја доживеаја како предавство. Поради тоа сега е актуелната петиција.

Но, „Тутоспорт“ пишува дека желбата на навивачите нема да се исполни затоа што претседателот на клубот, Андреа Ањели ставил „вето“ на отстранувањето на ѕвездата на Конте.

Инаку, околу „Алианц арената“ се наоѓаат вкупно 50 ѕвезди посветени на оние кои допринеле за богатата историја на клубот.

Се вчитува...