Навивачите на Јувентус потпишаа петиција, да се тргне ѕвездата на Антонио Конте од стадионот откако седна на клупата на Интер.
Навивачите на „Старата дама“ не сакаат лесно да минат преку фактот дека нивниот поранешен тренер ќе го предводи големиот ривал од „Џузепе Меаца“. Во петицијата која ја потпишаа досега околу 5.000 лица, стои дека Конте беше саканиот капитен, а потоа и тренер на клубот кој по „Калчополи“ успеа да донесе титула и тоа со просечен тим. Порачуваат дека преминувањето во Интер не е професионално.
Од друга страна проблем може да има и раководството на Интер, бидејќи и навивачите на „нераѕурите“ не сакаат да имаат тренер кој го водел лутиот ривал. Тие велат дека сакаат тренер кој ги почитува „елеганцијата и вредностите“ на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА