Навивачите на Ливерпул ќе ги добијат парите од картите по срамот од ланското финале во ЛШ

Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави дека ќе им ги врати трошоците за билетите за минатогодишното финале во Лигата на шампионите во Париз на навивачите на Ливерпул.

УЕФА ќе им ги врати парите на сите навивачи на Ливерпул кои имаа билети за минатогодишното финале од Лигата на шампионите во Париз. Оваа одлука која УЕФА ќе ја чини милиони евра е само уште една потврда за одлуката на независниот Панел дека УЕФА како организатор на натпреварот е единствената виновна за се што се случуваше пред и по тој натпревар.

Европската куќа на фудбалот ќе ги врати парите за 19.618 влезници. Најевтиниот од тие билети навивачите го платиле околу 70 евра, а најскапите чинат 690 евра. Отприлика, рефундирањето во УЕФА ќе чини околу три милиони евра.

Минатиот месец независна комисија утврди дека УЕФА е првенствено одговорна за хаосот што настана пред финалето, а во кој беа вклучени полицијата и обезбедувањето.

Се вчитува...