Навивачите на Милан бесни за употребата на мобилни телефони, Пиоли се разјасни….

Фудбалерите на Милан повторно ги разочараа своите навивачи со своето издание и ремито (1-1) против Наполи изминатово коло во Серија А.

По натпреварот лутината на навивачите ја почувствува и хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ кој поради повреда на полувремето ја напушти играта. Но, после мечот се појави фотографија на социјалните мрежи на кои пооделни фудбалери на Милан користат мобилен телефон пред самиот почеток на мечот, но и за време на второто полувреме. Тоа предизвика бес кај навивачите…

Сепак, околу сето тоа се огласи и тренерот Стефано Пиоли кој објасни зошто фудбалерите може да користат мобилни телефони пред почетокот на натпреварот, иако тоа во многу екипи жестоко се казнува.

„Употребата на мобилни телефони пред почетокот на мечот е дозволена затоа што играчите слушаат музика. Секој фудбалер има свој начин кој му служи за мотивација пред натпреварите. Исто така, на телефоните некогаш гледаат и видеа од натпреварите на противникот. И поради тоа мобилните телефони не се забранети во соблекувалната“ – порача Пиоли.

Се вчитува...