Навивачите на Милан го извлекле Донарума од автобус: Жесток вербален судир и ултиматум до сабота!

Навивачите на Милан вчера имале жесток вербален судир со голманот Џанлуиџи Донарума.

Група навивачи одлучиле да реагираат по вестите дека Донарума одлучил ова лето да се пресели во редовите на Јувентус, поради што одбил продолжување на договорот со клубот кој му даде шанса на голот уште на само 16 години.

Навивачите жестоко го нападнале, притоа барајќи да не брани на дербито против Јувентус доколку дотогаш не потпише нов договор. Разочарани се што како дете на Милан одлучи да оди во редовите на ривалот од Торино, но јасно е дека зад сето тоа стои агентот Мино Раиола кој ги договара условите со Јувентус.

Се смета дека Донарума се уште не сака да потпише нов договор со Милан затоа што чека да види дали тимот ќе обезбеди настап во Лигата на шампионите. Во случај „росонерите“ да не завршат во Топ 4, верува дека ќе спакува кофери и ќе тргне на пат за Торино.

Се вчитува...