Повторно проблеми и повторно од навивачите на Нант. Откако се разочарани поради испаѓањето во Лига 2 на својот клуб, навивачите на овој клуб од недела во недела прават проблеми.
Тоа се случи и вечерва на дуелот против Оксер во последното коло. Тие истрчаа на теренот и ги нападнаа домашните фудбалери, но не очекуваа дека ќе налетаат на легендарниот тренер Вахад Халилхоџиќ.
Халилхоџиќ не сакаше да даде на себе, па тргна да им се спротистави на „силните мажи“, а ниту еден од нив не го нападна. На крајот обезбедувањето мораше да го изнесе симпатичниот дедо кој никако не сакаше да го напушти теренот.
Nantes-Toulouse has been stopped after a pitch invasion
byu/Meladroit10 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
