Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас својата кариера ја продолжува во германски Лајпциг. Трансферот е веќе завршена работа како резултат пред се на инсистирањето на еден од најдобрите македонски фудбалери кој во желбата за почит се одлучи да го напушти Наполи разочаран од премалата минутажа што ја имаше во италијанскиот шампион на стартот од сезонава.
Тој веќе има постигнато договор со Лајпциг за соработка до јуни 2028 година, а во прилог му оди и што Лајпциг веднаш се согласи да плати 25 милиони евра, колку што побара Наполи за нашиот репрезентативец.
Тренерот Мацари веќе јавно порача дека оној кој не е задоволен може да си замине, а медиумите од Неапол објавија и дека Елмас вчера и дефинитивно се збогувал со соиграчите.
Но, ако Мацари изјави дека секој кој не е задоволен може да замине, тогаш навивачите на Наполи и тоа како се лути на тренерот и на раководството на клубот поради, како што велат, на некој начин клубот е единствено виновен што се губи еден од фудбалерите со најголем потенцијал на кого никогаш не му се даде вистинска шанса.
„Го загубивме Елмас, еден од најпотценетите фудбалери. Ова е огромна грешка на клубот кој постојано греши со него откако пристигна во клубот. Ова е пораз за Наполи“ – е една од навивачките пораки на социјалните мрежи, меѓу кои се дополнува.
„Еден феноменален играч успеавме да избркаме… Клубот не знае што прави… Елмас е фудбалер со огромен потенцијал и допрва очекувам вистински да блесне во европскиот фудбал“ – се дел од коментарите на поголемиот број навивачи на Наполи.
Macedonian king 👑 a player with so much untapped potential. The light will shine on us soon.
Ankara Messi ❌
Ankara Elmas ✅ pic.twitter.com/SSr7zLyWDY— VAN PERSIE ENTHUSIAST( CAMPIONE D’TALIA 🇮🇹) (@januzajstan) December 15, 2023
Елмас се очекува до крајот на годината да го официјализира трансферот во Лајпциг по што го очекува преселбата во Бундеслигата. Уште пред неговото заминување во Фенербахче од Работнички, Елмас имаше можност да игра во Бундеслигата но тогаш ја одби понудата на Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА