Навивачите на Олимпијакос со провокација: „Македонија беше, е и ќе биде грчка“

Не стивнуваат провокациите од навивачките групи на фудбалските терени во Грција. Навивачите на Олимпијакос изминатиов викенд повторно испратија политички пораки.

„Македонија беше, е и ќе биде грчка“  – транспарент со ваква порака истакнаа навивачите на дуелот на Олимпијакос против Јанина  во грчкиот фудбалски шампионат.

Навивачите на Олипијакос многу често на натпреварите на нивниот тим истакнуваат транспаренти кои имаат политичка конотација и најчесто се однесуваат на спортот за името на нашата држава.

Се вчитува...