Навивачите на Партизан со снежни топки ги нападнаа судиите, фудбалерите ги молеа да престанат… (ВИДЕО)

Белградски Партизан есенскиот дел од сезоната го заврши со реми без голови против Мачва на свој терен во натпревар кој имаше далеку од основни фудбалски услови за игра.

Дуелот на „ЈНА“ беше одигран по вистински снежно невреме во кое Партизан и покрај доминацијата не успеа да го скрши отпорот на гостите. Па, домашните навивачи како една од причините за тие 0-0 пронајдоа во судиската тројка, па бесот го искажаа кон линискиот судија кого пред крајот на мечот го гаѓаа со снежни топки.

Судијата мораше да ја напушти својата позиција покрај аут линијата, натпреварот беше во прекин и истиот продолжи дури откако фудбалерите на Партизан со молби некако ги запреа навивачите во „зимските игри“….

Се вчитува...